Maкедонската ракометна репрезентација денес ги доби противниците за Светското првенство јануари кое ќе се игра во Полска и Шведска.
Ждрепката која денес се одржа во Катовице сакаше црвено-жолтите да играат во група со Норвешка, Аргентина и Холандија.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Групата не е лесна воопшто, Норвешка ја добивме од садот на носители, но таму реално и нема простор за бирање сите противници се и тоа како силни селекции. Аргентина ја добивме од третиот шашир каде што можеше да биде некоја од Унгарија, Србија, Саудиска, Арабија,




Чиле…Аргентинците се силна селкција и освоија злато на последните Панамерикански игри.




Холандија до последното ЕП важеше за репрезентација без поголеми успеси на турнирите, но сега одиграа и тоа како важна улога и се пласираа во главната фаза. Станува збор за репрезентација која игра ракомет со многу трчање и сигурно ќе биде вистински тест за нас.
Светското првенство започнува на 11. јануари 2023 година.