Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите го дознаа името на последниот противник во подготовките за ЕП

Ракометарите го дознаа името на последниот противник во подготовките за ЕП

Во пресрет на Европското првенство јануари Македонија го дозна името и на последниот противник во подготвителниот период.

Станува збор за последниот учесник на „Трофеј Карпати“ на кој Македонија ќе учествува од 27. до 29. декември. Последниот учесник на овој турнир е селекцијата на Холандија.


На овој турнир покрај нашата и споменатата репрезентација на Холандија од претходно познато е дека ќе учестувваат Алжир и Романија која е домаќин.

Освен „Трофејот Карпати“ Македонија ќе игра уште два пријателски натпревари со Кувајт во Белград, а по Нова година ќе следуваат натпревари со Словенија и Црна Гора, секако исто така од пријателски карактер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…