Иван Ракитиќ попладнево имаше емотивно збогување со Севиља и со солзи во очите се прости од клубот од Андалузија.
Ракитиќ ја напушти Шпанија после 13 години, од јануари 2011 играше за Севиља со која ја освои Лига Европа, а потоа се пресели во Барселона во чиј дрес стигна до пехарот во Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 2020 година се врати во клубот од Андалузија, а денес со созли ја заврши својата втора авантура во него.
Хрватот официјално потпиша договор со Ал Шабаб од Саудиска Арабија кој ќе трае до јуни 2025 година.
„Како може Хрват роден во Швајцарија да каже дека неговиот дом е во Севиља? Можеби заминувам, но ќе се вратам. Нема да се вратам на теренот, веќе сум стар, но сигурно ќе се вратам во некаков капацитет. Ќе продолжам да ги следам натпреварите и да му давам поддршка на тимот. Знам дека сезоната е тешка, но убеден сум дека добро ќе се заврши“.