Дома Фудбал Ракитиќ се закани: Ако дојде ТОЈ, јас заминувам веднаш

Ракитиќ се закани: Ако дојде ТОЈ, јас заминувам веднаш

Доколку им се верува на написите на шпанскиот медиум „Диарио Гол“, хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ го кренал гласот во соблекувалната на Барселона.

Не е тајна дека Барселона веќе подолго време се обидува да го донесе Филипе Кутињо во своите редови. Меѓутоа, таа опција наводно не му се допаѓа на Ракитиќ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека Хрватот наводно му се заканил на тренерот Ернесто Валверде со заминување од „Камп Ноу“ во случај да дојде Кутињо, но се уште нема никаква потврда на оваа вест.

„Диарио Гол“ тврди дека со доаѓањето на Бразилецот Ракитиќ ќе заврши на клупата за резерви и дека ќе ја дели минутажата со Иниеста.

Барселона во јануари повторно ќе се обиде да го донесе Кутињо на „Камп Ноу“, тврдат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Геа го брани младиот Кински: Тоа само голманите можат да го разберат…

Шпанецот Давид Де Геа изрази солидарност со младиот голман на Тотенхем, Антонин Кински, от…