Мино Раиола важи за еден од најпознатите светски фудбалски агенти, листата на негови клиенти е долга, а ретки е оние кои под негова заштита не припаѓаат во самиот „крем“ на светскиот фудбал.
Неодамна, на листата на свои фудбалери го стави и Марко Верати, а тука се Погба, Лукаку, Мхитарјан, Ибрахимовиќ…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Токму судбината на шведскиот ветеран е под знак прашалник, го напушти Манчестер Јунајтед, закрепнува од повредите и бара висока плата.
Сега Раиола, ќе се обиде да му најде клуб, а најблиску е до неговиот омилен, односно Милан. „Росонерите“ се најактивен тим на пазарот ова лето, донесоа 10 нови играчи, јасно е дека посакуваат уште тројца, напаѓач, крило и централен играч за врска.
Раиола се надева дека тој напаѓач би можел да биде Ибрахимовиќ, кој од октомври би бил подготвен да му се приклучи на новиот тим.
Сепак, договор мора да биде постигнат до средината на август, а прашање е колку пари е подготвена управата на тимот од „Сан Сиро“ да понуди за моментално повредениот 36-годишен фудбалер, иако се работи за Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот во Јунајтед заработуваше 7 милиони годишно, а ако Милан е подготвен да понуди толку, тогаш тој би бил најплатениот играч во Серија А.
Добрата работа е што Ибра уживаше додека го носеше дресот на Милан во период од две сезони, пред да се пресели во ПСЖ, а како што некои велат, тој не сакал ниту тогаш да замине од Милано.