Балотели сака да ја промени средината, Раиола се обидува да го пронајде клубот кој ќе ги понуди најдобрите услови.
Навивачите во Ница го обожаваат, најголема ѕвезда е во клубот, но тој сака да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марио Балотели не е задоволен во Ница и сака да ја промени средината, пред две сезони беа хит во француската лига кога завршија на третата позиција во првенството, а претходната сезона практично разочараа. Поразот од Лион во последното коло ги исфрли од европските натпреварувања за наредната сезона.
Еден од клучните играчи веќе замина, Фулам го доведе Жан Мишел Сери.
Балотели на големи се поврзуваше со трансфер во Марсеј, но преговорите се стопирани, напаѓачот сака да се врати во Серија.
Денес италијанските медиуми пишуваат дека Парма е сериозно заинтересирана за неговите услуги и управата на овој клуб е спремна да ги исполни барањата на фудбалерот.
„Газета дело Спорт“ наведува дека „млекарите“ можат да му обезбедат и поголема плата од онаа што ја добива во Ница. Даниеле Фаџиано се сретнал со агентот Мино Раиола со цел да разговраат за потенцијалниот трансфер на Италијанецот во клубот кој од новата сезона се враќа во Серија А.
#Parma meet #Raiola for Balotelli: the updates (@Kaus_Pandey17) https://t.co/2waPlfsSQc pic.twitter.com/VK37LgwSY3
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August 3, 2018