Дома Топ вести Раиола крена „бура“ во Италија: Спремни сме за преговори со Милан!

Раиола крена „бура“ во Италија: Спремни сме за преговори со Милан!

raiola

Сензација на повидок! Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола ги потврди гласините за можното враќање на Швеѓанецот на „Сан Сиро“.

Темпраментниот напаѓач во овој момент настапува за ЛА Галакси во чиј дрес игра одлично. Постигна 20 голови на 24 натпревари поради што се најде на радарот на бројни европски клубови иако има 37 година.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Меѓу нив е и Милан, клубот за кој Ибрахимовиќ две сезони во период од 2010 до 2012 година. Ибра одигра 85 натпревари за „росонерите“ и постигна 56 погодоци, додаде и 24 асистенции, а освен тоа освои и еден италијански Суперкуп.

„Секогаш постојат гласини. Па цел свет ме сака и тоа е во ред“, кратко одговори Ибрахимовиќ во свој стил.

Меѓутоа неговиот агент Мино Раиола наведува дека тие биле спремни на разговор, но и на можно сензационално враќање на Златан „Сан Сиро“.

„Во овој момент тоа не е можност бидејќи не сме во преговори, но спремни сме да седнеме на маса. Сега во Милан конечно има нормални сопственици. Не ја отварам вратата за враќање, но не ја ни затворам. Постои голема почит помеѓу Милан и Ибрахимовиќ, Златан имаше прекрасни моменти во Милан“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Германски судија тврди: Србија со право е разочарана – требаше да добие пенал!

Селекцијата на Србија приреди ново разочарување на навивачите со елиминацијата уште во гру…