Златан Ибрахимовиќ одлично се опоравува од повредата, но неговата иднина и понатаму е под голем знак прашалник.
Ибра се до повредата во натпреварот против Андерлехт, прикажуваше одлични настапи, но и покрај тоа што е повреден бројни клубови се заинтересирани за неговите услуги, Мино Раиола зборуваше за плановите на Швеѓанецот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Раиола не сакаше да открие многу, но истакна дека Златан има многу понуди.
„Постои можност и да остане во Јунајтед, но можеби и нема. Разговаравме, тој има понуди и ќе мораме детално да ги разгледаме. Имаше фантастичен период во Јунајтед. Имаме датум на кој планираме да донесеме одлука, но сега е време да мислиме на опоравувањето. Ибра сака да остане во Англија. Ако тој сеуште се смета за вежен дел од Јунајтед, можеби и ќе остане“, изјави Мино Раиола.