Eкипата на Фиорентина постигнала договор со српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Агентот на Влаховиќ во претходните денови беше во Фиренца на преговори, но беше прашање дали ќе се постигне договор за нова соработка, сега тоа прашање изгледа е решено.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Влаховиќ ќе потпише нов договор со значително зголемена плата која според новиот договор ќе изнесува три ипол милиони евра по сезона.
Се шпекулира дека во неговиот договор ќе биде вметната откупна клазула од 70 милиони евра, но таа веројатно нема да може да се активира ова лето, туку од наредното.
Во последните денови се најавуваше дека Интер може да го доведе Влаховиќ како замена за Лукаку, но очигледно „нероаѕурите“ ќе мора да бараат друго решение.