Дома Фудбал Останато Радомир Антиќ го критикуваше Модриќ, Зидан експресно му одговори: Жал ми е за таквите луѓе

Радомир Антиќ го критикуваше Модриќ, Зидан експресно му одговори: Жал ми е за таквите луѓе

Лука Модриќ зад себе имаше фантастична година во која го ги собра сите поважни индивидуални награди помеѓу кои беше и престижната „Златна топка“.

Така Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Меси и на Роналдо кога во прашање е освојувањето на оваа награда. Тој негов избор предизвика многу полемики и дебати во фудбалскиот свет, за еден дел Модриќ заслужи да го освои ова признание, други пак имаат спротивно мислење.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од оние кои вторите беше и Србинот Радомир Антиќ кој вчера јавно го кажа неговото мислење во медиумите.

Модриќ најдобар играч во светот? Како е можно тоа кога не асистира и не постигнува голови. Тоа апсолутно нема смисла“, изјави 70 годишниот Антиќ.

Денес тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше запрашан да ја прокоментира оваа изјава на Антиќ.

„Луѓето можат да зборуваат што сакаат. Жал ми е за луѓето кои зборуваат такво нешто. Модриќ ја заслужи Златната топка со играта на теренот“, порача популарниот Зизу пред утрешниот натпревар на Реал Мадрид против Еибар.

Многумина посочуваат дека најдобар доказ за тоа дека Модриќ не ја заслужил Златната топка е што Реал оваа година без Роналдо игра катастрофално, а во Лигата на шампионите која ја освојуваше три пати во низа беше елиминиран од Ајакс.

Модриќ оваа сезона одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…