Јованка Радичевиќ денеска беше една од најдобрите ракометарки на Вардар и најзаслужна за пласманот во големото финале. Покрај четирите погодоци, Радичевиќ одигра одлично во одбраната а пресече и неколку топки на противникот при контра напади. Црногорката истакна дека Вардар заслужено е во мечот за трофеј и се надева дека Бог ќе ги награди ракометарките на Вардар овој пат.

Добивме многу тежок противник и дуел, горда сум!  Мислам дека заслужено одиме понатаму. Мора да оставиме срце на терен. Имаме многу проблеми во изминатите шест месеци, но ние само молчевме и работевме. Нема што да загубиме со Ѓер. Утре е последен меч за Вардар. Имаме мотиви да покажеме дека заслужуваме титула. Лани бевме ограбени многу, но забораваме на тоа. Баш добро е што утре ќе играме со Ѓер и ќе имаме шанса да им вратиме“, рече Радичевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…