Иако звучи неверојатно, Пеп Гвардиола наводно договорил ангажман во Јувентус.
Радио Спортива лансираше ексклузивна информација дека Гвардиола е нов тренер на Старата дама и дека е постигнат договор на четиригодишна соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерико Џенарели, новинар во споменатото радио ја објави таа информација на Твитер со назнака дека се е “готово.“
Гвардиола ја освои тројната круна со Манчестер Сити во Англија и се чини дека после Шпанија со Барселона, Германија со Баерн и Англија со Сити е спремен за нови предизвици која ги нуди италијанската Серија А и водењето на Јувентус.
Јуве ја раскина соработката со поранешниот тренер Макс Алегри, кој го освои Скудето, но сепак една од главните цели беше ЛШ. Како главен кандидат за негова замена се споменуваше Маурисио Сари, но изгледа дека тоа место ќе му припадне на Гвардиола.
Нормално, нема официјална потврда и на основа на објавата на Радио Спортива не е препорачливо работите да се земат здраво за готово.
Doveva essere la giornata decisiva. Lo è stata: Pep #Guardiola sarà il nuovo allenatore della #Juventus. Contratto di 4 anni.
Deal done ✅@RadioSportiva
— Federico Gennarelli (@F_Genna88) May 21, 2019