Дома Македонски спорт Мак ракомет Работнички претстави три засилувања!

Работнички претстави три засилувања!

Екипата на Работнички денес официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а со тоа промовираше и три засилувања.

Нови играчи на Работнички се Кире Маркоски, Стефан Десподотвски и поранешниот голман на Вардар Филип Илиќ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Маркоски е дете на Работнички од каде што си замина во 2018 година, а во Дебар Маало првпат дојде во 2012 година од Македонија Ѓорче Петров. Надвор од границите на Македонија играше за АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава, летото 2020 се врати во Македонија и настапуваше за Академија Пандев, Шкупи, Шкендија и Вардар.

Илиќ кој во минатото го бранеше голот на Вардар пристигнува во Работнички како слободен играч откако претходно му заврши соработката со Гандасазар од Ерменија. Во таборот на „романтичарите“ ќе ја зголеми конкуренцијата на Игор Алексовски.

Деспотовски има 19 години и е младински македонски репрезентативец. Во минатото беше дел од школата на Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…