Дома Фудбал Останато Пјаниќ му порача на Мората и Де Лихт да размислат два пати пред да се преселат во Барселона

Пјаниќ му порача на Мората и Де Лихт да размислат два пати пред да се преселат во Барселона

Миралем Пјаниќ им порача на Алваро Мората и Матијас де Лихт добро да размислат пред да го напуштат Јувентус.

Двајцата фудбалери се поврзуваат со трансфер во Барселона и можат да тргнат по истиот пат како Миралем Пјаниќ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Босанецот беше ѕвезда во Јувентус, направи трансфер на „Камп Ноу“, но работите не тргнаа по добро за него, па сега е на позајмица во Бешикташ.

„Мората има одлична кариера до сега и играше за големи клубовуи како Челзи, Атлетико и Јувентус. Понекогаш фудбалерите имаат потреба од нова мотивација, но треба да два пати да размисли пред да го напушти Јувентус. Не знам детали, но слушам дека Алваро е среќен во Јувентус“, изјави Пјаниќ.

„Де Лихт има уште три години од договорот со Јувентус. Според мене тој направи добар избор што дојде во Торино. Има можност да игра со големи дефанзивци како Бонучи и Киелини“, додаде Босанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го најде својот заменик за Тео Ернандес

Милан постигна договор со Брајтон за трансферот на левиот бек Персис Еступинан, соопшти Фа…