Екипата на Струга ги пушти во продажба билетите за натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Струга Трим Лум и Будуќност.
Билетите се во продажба по цена од 500 денари, а може да се купат и онлајна на „karti.com.mk“, а исто така можат да се купат и од „Емпире бар“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Струга во квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против Жалгирис продаваше билети по 1.200 денари со кои следуваше и тимска маичка, но и со таква цена стадионот „Билијани Извори“ беше исполнет.
Натпреварот против Будуќност се игра на 26-ти јули со почеток од 17:00 часот.