Кристиан Пулишиќ не е задоволен од ситуацијата во Челзи и од работата на тренерот Томас Тухел, пренесуваат медиумите на Островот.
23-годишниот офанзивен фудбалер не е стартер во тимот на Тухел и не е задоволен од својата улога во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа побарал состанок со тренерот пред да донесе конечна одлука за својата иднина.
Англиските медиуми пренесуваат дека Пулишиќ најверојатно ќе побара трансфер и сака да ја промени средината ова лето.
Интерес за него покажуваат Баерн Минхен, Милан и Јувентус, а неговиот договор со Челзи истекува во 2024 година.
Сепак, медиумите тврдат дека голема е веројатноста Пулишиќ ова лето да го напушти Челзи, а неговата вредност во моментов се проценува на 45 милиони евра.