Дома Останати Пулев се правда за поразот од Џошуа: Имав Ковид-19, не сакав да кажам на никој

Пулев се правда за поразот од Џошуа: Имав Ковид-19, не сакав да кажам на никој

Ентони Џошуа го совлада Кубрат Пулев и ги задржа шампионските појасни, а Бугаринот потоа откри дека имал слаба борба поради тоа што бил заразен со ковид-19 еден месец пред борбата.

Пулев немал компликации со вирусот, но морал да пропушти многу тренинзи и поради тоа не бил во најдобра форма пред една од најважните борби во кариерата.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Имав ковид-19 и бев три недели без тренинг. Тоа не е оправдување, ама не сакав на никој да му откријам. Таква е ситуација, а јас сум добар во моментов“, кажа Пулев.

Џошуа го совлада Пулев во деветтата рунда од бокс-мечот со нокаут по серија удари кои завршија во главата на бугарскиот боксер.

Британецот најверојатно во следниот меч ќе се бори против Тајсон Фјури.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…