Дома Фудбал Останато Пуиг: Никој во животот не ме разочарал повеќе од Чави и Барселона

Пуиг: Никој во животот не ме разочарал повеќе од Чави и Барселона

Шпанскиот играч за врска Рики Пуиг ја напушти Барселона и кариерата ја продолжи во МЛС лигата во тимот на ЛА Галакси.

Пуиг пред десетина дена официјално го напушти каталонскиот клуб и изненади многумина со одлуката да игра во МЛС. Младиот играч за врска за викендот дебитираше во дресот на ЛА Галакси и за овој тим ќе биде големо засилување.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во изјава за американските медиуми призна дека премногу бил разочаран од Чави и Барселона.

„Последниот месец во Барселона за мене беше многу тежок. Изоставен бев од списокот за турнеата во Америка и такво нешто претходно не сум доживеал. Неколку играчи останавме да тренираме сами додека другите беа на турнеа и играа натпревари. Тоа навистина ме повреди“.

Посебно зборуваше за раководството и Чави.

„За нив немам многу што да кажам и не сакам воопшто да ги спомнам. Никој во животот не ме разочарал како Чави и Барселона. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Пуиг.

За Барселона овој 23-годишник одигра вкупно 57 натпревари, постигна два гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпреварот Беса – Башкими место во Чаир ќе се игра во Кавадарци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, согласно денешното известување …