Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, а тамошните медиуми пренесуваат дека младиот голман може да го напушти Милан.
Како што е познато, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Агентот Мино Раиола ја одбил последната понуда на „росонерите“ од 8 милиони евра и бара 10 милиони евра плус бонуси и провизија за посредување за него како агент.
Таквите услови не се прифатливи за Милан, но ПСЖ е спремен да ги задоволи барањата на младиот голман.
Имено, „светците“ сакаат да го донесат Донарума без обештетување и му нудат плата од 12 милиони евра по сезона.