Дома Топ вести ПСЖ спреми богатство за Мењан

ПСЖ спреми богатство за Мењан

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за голманот на Милан и француската репрезентација, Мајк Мењан.

Мењан потекнува од школата на ПСЖ, во моментов е прв голман на француската репрезентација и „светците“ нема да жалаат пари на лето да го донесат во Париз.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Мењан се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот, а во ПСЖ не се задоволни од Донарума, кој пристигна од Милан како слободен агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ нема да жали пари да го донесе Мењан во своите редови и спрема понуда од 80 милиони евра.

Мењан е една од најважните карики во тимот на Милан, но останува да се види дали клубот е спремен да ја одбие оваа богата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…