Пари Сент Жермен ќе направи се за да го задржи Килијан Мбапе во своите редови, па му понуди богат договор на младиот Французин.
Во моментов договорот на Мбапе истекува во 2022 година и двете страни веќе подолго време се во преговори за продолжување на истиот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ е спремен да му понуди рекордна плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси, но не сака во договорот да има откупна клаузула, или пак се согласува доколку таа биде „астрономска“.
„АС“ повикувајќи се на француски извори тврди дека ПСЖ сака да му даде договор на пет години, вреден 185 милиони евра!
Сега се чека одлука на Мбапе, дали ќе стави потпис на овој договор или сепак ќе чека Реал Мадрид да испрати понуда.
Французинот на лето ќе влезе во последната година од договорот и ако не стави потпис на нов договор сигурно ќе го напушти ПСЖ