Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин најави дополнителни промени за финансискиот фер-плеј.
Големи трансфери, особено во француски ПСЖ, повторно ги отворија очите на УЕФА. Покрената е истрага против францускиот тим, а во следните месеци правилата на финансискиот фер-плеј би можеле дополнително да се променат.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Барем така тврди претседателот Чеферин, кој најавува дека со новите правила ќе биде намалена разликата помеѓу големите и малите екипи.
„Финанскиот фер-плеј е воведен за да се подобри стабилноста на клубовите. Меѓутоа, времињата се менуваат. Мораме да се прилагодиме и да ги промениме дополнително правилата. Разликата помеѓу големите и малите клубови е се поочигледна. Не знам дали можеме да ги спречиме големите екипи да трошат, но можеме да ги успориме со одредени правила. Важно е на време да се реагира“, истакна Чеферин.
Изминатите години екипите се казнувани поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј. Меѓутоа, казните од неколку десетици илјади евра се премали за клубовите кои располагаат со големи средства, а екипите како ПСЖ прават се да измаат наметнатите правила и тоа не им оди од рака.