Oд Франција пристигнуваат информации дека ПСЖ го означил Исмаел Бенасер од Милан како приоритет ова лето.
„Светците“ никогаш не го криеа интересот за 22 годишниот Бенасер, но сега наводно ќе тргнат во акција да стигнат до неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан минатото лето го купи Бенасер од Емполи за 16 милиони евра, но само една година подоцна Алжирецот се проценува на 50 милиони евра.
ПСЖ го гледа Бенасер како клучен во „ремонтот“ во средниот ред и спремни на лето да го донесат во Париз.
Спортскиот директор Леонардо му понудил трампа на „росонерите“ и е спремен покрај одредена сума да го испрати и Паредес на „Сан Сиро“.