Пари Сен Жермен ова лето ќе започне нов проект во кој ќе назначи нов тренер и би требало да пристигнат нови имиња, а едно од првите засилувања кое може да пристигне е изненадување.
Шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ би можел да плати 22 милиони евра за фудбалер кој го носи дресот на Мајорка.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Станува збор за Канг-Ин-Ли кој подолго време важи за поголемите фудбалски таленти и беше вистински бисер на Валенсија, но откако не доби вистинска шанса на „Местаља“ си замина во Мајоркја.
Изборот да премине во Мајорка беше вистински погодок за него и почна да го покажува својот талент. Јужнокореецот зад себе има одлична сезона со која го свртел вниманието и на ПСЖ.
„Марка“ и „АС“ тврдат дека во ПСЖ веќе дале зелено светло за трансферот.