Бразилскиот репрезентативец, Нејмар ќе го пропушти натпреварот на ПСЖ против Лајпциг.
Нејмар има проблеми со мускулите и стаува збор за полесна повреда. Тренерот Маурисио Покетино не сака ништо да ризикува па затоа вечерва ќе биде без Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првите две кола ПСЖ освои четири бода, додека Лајпциг е без бодови. Како и да е ПСЖ и без Нејмар ќе биде фаворит против германскиот претставник.
Ќе потсетиме, Нејмар не играше за ПСЖ и против Анже во домашното првенство поради доцното враќање од обврските кон Бразил во јужноамериканските квалификации. На располагање Покетино би требало да го има Нејмар веќе за следниот по Лајпциг.