Дома Фудбал Останато ПСЖ: Ако ние немаме пари за Мбапе и Нејмар, тогаш кој има?

ПСЖ: Ако ние немаме пари за Мбапе и Нејмар, тогаш кој има?

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо зборуваше за иднината на двете најголеми ѕвезди во тимот, Нејмар и Мбапе.

Нивните договори завршуваат на лето 2022 година, па клубот веќе започна преговори за нивното продолжување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар веќе подолго време се поврзува со заминување на клубот, а Мбапе е најголема желба на Реал Мадрид. Меѓутоа, поради финансиската криза во ПСЖ веруваат дека ќе успеат да ги задржат фудбалерите во своите редови.

„Вистина е дека финансиската ситуација е сериозна во целиот свет, но ако ПСЖ нема пари да ги задржи двете ѕвезди, тогаш кој има? Ве верувам дека има таков?“ изјави Леонардо.

Спортскиот директор на ПСЖ исто така нагласи дека клубот нема да „ги моли“ фудбалерите да останат доколку тие не сакаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…