Денес Македонија го одигра натпреварот против Египет на Светското првенство во кое доживеавме вистинско понижување.
Египет е фаворит во овој натпревар, па така и започнаа. Брзо поведоа, а нас на стартот резултатска игра не држеше Кузмановски кој постигна два гола. После пет минути игра Египет водеше со 5:2. И во наредните пет минути гледавме слична игра, имавме ние прилика да дојдеме до минус еден, но по голот на Лазаров и една наша украдена топка Кузмановски погреши во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домаќините ги користе сите наши грешки и после 12 минути имаа веќе шест гола предност од 9:3. После тој трет гол кој го постигна Лазаров во шестата Македонија беше без гол повеќе од девет минути кога во 15. Постигнавме гол за 10:4. Токму кога игравме подобро и направиме серија од 10:6, Кузмановски за еден старт заработи директен црвен картон во 19. минута.
После исклучувањето на Кузмановски одново имавме еден пад во играта, па Египет продолжи да ја полни нашата мрежа додека на нивниот гол Хендави одлично го чуваше својот гол. На полувреме Египет отиде со огромни 20:6.
Вториот дел беше само формалност, а Македонија шансата за пласман во следната фаза ќе ја бара во недела против Чиле кој во Скопје пред тргнувањето за Египет го победивме на двете контролки.
Единствена светла точка денес беше голманот Томовски кој спречи разликата да биде уште поголема.
ЕГИПЕТ – МАКЕДОНИЈА 38:19