Дома Македонски спорт Против Лихтенштајн ја имаме највисоката победа во нашата историја

Против Лихтенштајн ја имаме највисоката победа во нашата историја

Репрезентацијата на Македонија утре го игра вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство, а наш противник ќе биде селекцијата на Лихтенштајн.

Кога ќе ја погледнеме традицијата против Лихтенштајн сме прилично доминантни затоа и утре само победата е опција за нашите репрезентативци.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Македонија досега честопати имаше прилика да ги одмери силите со селекцијата на Лихтенштајн. Меѓусебно имаме одиграно 9 натпревари во неколку различни квалификациски циклуси. Македонија е со позитивен баланс без пораз, напротив со 8 победи и 1 нерешен резултат.

Вкупната гол разлика е 33 постигнати и само 5 примени голови.

Највисоката наша победа е токму против Лихтенштајн на гостински терен, натпревар одигран на 09.11.1996. Крајниот резултат беше 1:11!

Натпреварот помеѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Осимен избра каде ќе игра во иднина

Виктор Осимен, кој го бараат бројни клубови, претпочита да остане во Галатасарај и го инфо…