Дома Топ вести Проект планиран во 2014 стартува со реализација: „Бернабеу“ за 400 милиони добива нов грандиозен изглед (Фото+Видео)

Проект планиран во 2014 стартува со реализација: „Бернабеу“ за 400 милиони добива нов грандиозен изглед (Фото+Видео)

Стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ во иднина ќе добие нов изглед.

Проектот за реновирање на легендарниот „Бернабеу“ е претставен уште во 2014 година, а ова лето ќе започне со реализација.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Работата е навистина комплицирана. Добивме работна дозвола и сега имаме проект на работа кој претставува голем предизвик“, изјави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Новиот изглед на „Бернабеу“ би требало да го добиеме во 2022 година. Планирана е целосна промена и ќе биде повисок за 12 метри од сегашниот.

Исто така, стадионот ќе поседува луксузен хотел со парк на површина од 12.000 квадратни метри.

Градот Мадрид му даде „зелено светло“, а во целиот проект се очекува да бидат вложени околу 400 милиони евра.

Во продолжение погледнете како изгледа проектот планиран во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…