Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа нов пораз во квалификациите за Европското првенство и на домашен терен загуби од Грузија со 0:1.
За Македонија ова беше трет неуспех во овие квалификации, а посебно загрижува играта со која нашите млади фудбалери ги губат натпреварите. Во овој натпревар противничкиот гол скоро и да не го видовме.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите 45 минути не донесоа скоро ниту една посериозна прилика, па мрежите мируваа. Одлучувачкиот момент се случи во 54 минута по нафрлувањето од десната страна Маматашвили налета на една топка и од 16 метри постигна убав гол за водство на Грузија од 0:1.
Македонија не успеваше да се закани, па така Грузија сочува водството. Следното коло од квалификациите се игра во март, а Македонија ќе се сретне со Гибралтар.