Aбердин ја запиша втората победа во шкотската премиер лигата на гостувањето кај Сент Џонсон 0:1.
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски беше стартер на овој натпревар и на теренот помина 86 минути. Миовски постигна и еден гол, но тој беше поништен поради офсајд. Тренерот Џим Гудвин и после овој натпревар имаше пофалби Штипјанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нас ни се потребни лидери и понекогаш потребен ви е индивидуален блесок за победа. Миовски покажа дека има квалитет неколку пати досега, во овој натпревар немаше среќа да постигне гол. Сепак, тој секогаш е на вистинското место“.
„Тимот не смее да се потпира само на еден играч, имаме неколку млади момчиња на кои им треба време да се прилагодат“, изјави Гудвин.
Од доаѓањето во Абердин Миовски на пет официјални натпревари постигна четири гола, три во Премиер лигата, еден во Лига Купот. Пофалби за Миовски пред некој ден стигнаа и од легендата на Абердин – ТУКА.