Репрезентативецот на Англија, Киеран Трипие заработи скршеница на стапалото во натпреварот за викендот против Астон Вила.




Во јануари Трипие пристигна како големо засилување за Њукасл и тоа веднаш го покажа и на теренот. Астон Вила вчера беше победена токму со неговиот гол, а со тој триумф Њукасл излезе од зоната за испаѓање, стрелец Трипие беше и на претходниот натпревар.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Меѓутоа вчера поради повреда Трипие мораше да го напушти теренот во 48. минута од натпреварот. Деталните тестови покажаа дека се здобил со фрактура на стапалото.




Секако дека ова е удар за Њукасл кој во наредните натпревар ќе мора да биде без неговите услуги.