Челзи се соочува со сериозни проблеми поради нивниот поранешен сопственик Роман Абрамович, откако се појавија документи кои би можеле да покажат дека клубот ги прекршил правилата на Финансискиот фер-плеј.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Истражувањето на „Гардијан“, како и уште неколку медиуми, покажуваат нелегални плаќања во висина од десетици милиони фунти.
Овие плаќања биле извршувани преку „офшор компании“ кои му припаѓале на рускиот милијардер, кој беше приморан да го продаде англискиот гигант по воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Фудбалската асоцијација на Англија почна истрага против Челзи и би можела да му одземе бодови доколку се покаже дека тимот е виновен.
Агентот на Еден Азар е еден од оние на кои им беа исплатени пари, а се работи уште и на трансферите на Ето и Вилијан.
Челниците на Премиерлигата веќе почнаа да го „чешлаат“ финансиското работење на клубот во периодот од 2012 до 2019 година.