Дома Фудбал Италија Проблем за Милан, се повреди Мењан

Проблем за Милан, се повреди Мењан

Голманот на Милан и француски репрезентативец, Мајк Мењан доживеа повреда на синоќешниот меч против Австрија.

Мењан беше заменет на полувремето на мечот со Австрија, а првичните прогнози се дека има повреда на десниот глужд.

Голманот денес ќе се врати во Милано на лекарски прегледи, а прогнозите се дека сигурно ќе го пропушти дуелот со Емполи на 1 октомври.

Во Милан се надеваат дека ќе може да биде спремен за дуелот со Челзи три дена подоцна, бидејќи Татарушану не е пријавен за ЛШ, па ќе мора да брани третиот голман Антонио Миранте.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …