Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски кој неодамна се врати од повреда во вчерашниот натпревар за Данди одново се соочи со проблеми.
Трапановски беше предвреме заменет поради болки во левиот бутен мускул. Данди вчера му гостуваше на Хиберниан и во тој натпревар одигра 1:1, а Трапановски натпреварот го започна од клупата, но по десет минути мораше да биде заменет.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ова може да биде проблем за селекторот Благоја Милевски пред последните два натпревари од Лигата на Нации со Фарски Острови и Летонија. Според најавите Трапановски го чека пауза од неколку недели, но засега не е потврдено.
Ќе потсетиме, Трапановски и во претходниот циклус во октомври не беше со репрезентацијата исто така поради повреда.