Вчера Вардар не одигра лош натпревар, но сепак на крајот изгуби од Порто со 24:27, а денес црвено-црните се соочија со нов проблеми.
Имено, играчите на Вардар останале заглавени во Португалија и не можат да се вратат назад во Скопје преку Франкфурт како што беше планирано. Германија има протоколи за одредени земји за 14 дневен картин и меѓу тие земји била и Португалија и во Вардар за тоа не добиле информација од аеродромот во Софија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во опција се неколку решенија, но како и да е Вардар сака што побрзо да се врати затоа што го чекаат две нови гостувања против ПСЖ и Фленсбург. И во тие гостувања не се исклучува да има проблеми поради различните протоколи во различни држави.