Дома Фудбал Германија Проблем за Борусија: Останаа без Халанд!

Проблем за Борусија: Останаа без Халанд!

Борусија Дортмунд во недела ќе игра против Падерборн, а во овој натпревар „милионерите“ ќе бидат без Ерлинг Халанд.

Тренерот Лусијан Фавре потврди дека Норвежанецот нема да биде во конкуренција за настап поради повредата која ја заработи во натпреварот против Баерн (0:1). Халанд во 72 минута го напушти теренот бидејќи во Борусија не сакаа да ризикуваат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, тука не е крај на проблемите. Фавре соопшти и дека Махмуд Дахуд нема да игра до крајот на сезоната. Колку точно ќе паузира ќе се знае после деталните прегледи.

Дахуд поради проблемите со повредите сезонава во средниот стартуваше само на три натпревари. Играше добро, а Фавре има проблем затоа што Витсел и Чан само што се вратија од повреди.

Ќе потсетиме после поразот минатиот викенд Борусија зад Баерн во првенството заостанува седум бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…