Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа жестока расправија, а малку фалеше и да дојде до физичка пресметка на „Сан Сиро“.
Ибра започна да го провоцира Лукаку кој буквално збесна и Белгиецот беше едвај смирен. На крајот за таа расправија двајцата добија по еден натпревар суспензија, но тоа изгледа како премала казна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој инцидент сега може да има второ полувреме.
Имено, обвинителството на ФС Италија добило аудио и видео снимки и започна истрага која ќе биде завршена по итна постапка. Судијата Валери не запишал некои детали па Дисциплинската комисија не можела да расправа на таа тема, сега топката е префрлена на Обвинителството на ФС Италија.
Така Ибра и Лукаку би можеле да бидат дополнително казнети со уште некој натпревар што секако би било проблем.