Дома Македонски спорт Проблеми за Ангеловски: Стојановски има забрана во Франција, а Зајков е позитивен на Ковид-19

Проблеми за Ангеловски: Стојановски има забрана во Франција, а Зајков е позитивен на Ковид-19

Почнаа да се појавуваат проблеми поради ситуацијата со коронавирусот во светот за селекторот Игор Ангеловски.

Денес порано пристигна веста дека поради забраната од страна на клубовите од Лига 1 и Лига 2 на своите играчи да патуваат во странство Влатко Стојановски не ќе може да пристигне на репрезентативниот собир. Стојановски како што е познато е член на второлигашот во Франција, Шабли.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега пристигнува вест и дека Ѓоко Зајков е позитивен на коронавирус. Ковид-19 го зафати тимот на Шарлоа и се појавиле нови заболени, Зајков бил ден од играчите кој добил позитивен тест.

Зајков стандардно добива повик од селекторот Игор Ангеловски во последните години, а доби шанса и на натпреварот против Грузија во завршницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…