Холандскиот гигант Ајакс одработи одлично ова лето, но сега покажа одредена доза непрофесионализам.
После продажбата на Антони во Манчестер Јунајтед за 95+5 милиони евра Ајакс тргна во потрага по негова замена. Замената за Бразилецот требаше да Окампос од Севиља. Аргентинецот прво добил информација дека трансферот е завршен за 20 милиони евра и отпатувал во Амстердам, но таму го чекало непријатно изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме директорите на Ајакс се премислиле и пресметале дека оштетата од 20 милиони евра и неговата висока плата со долгорочниот договор едноставно не е во склад со финансиите на клубот.
Окампос потоа се врати во Севиља, а потоа добил извинување од директорите на Ајакс, Хунтелар и Хамстр, тие сакале лично да му се извинат за недоразбирањето.
Сега е извесно дека до трансферот нема да дојде, па ќе видиме дали во финишот од преодниот рок Ајакс ќе побара некое друго решение.