
Eкипата на Динамо Загреб стана првата која примила девет гола во натпревар од Лигата на шампионите откако Баерн ги победи со 9:2.
Голманот на хрватскиот тим Невестиќ сигурно ќе сака да го заборави овој натпревар, но убедливиот пораз не е негова вина, напротив тој е голманот со најмногу одбрани во првото коло.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Имено, тој одбрани десет удари кои кон него ги упатиле фудбалерите на Баерн и по оваа категорија е на врвот. Зад него е Доминик Такач од Слован Братислава со седум, додека Тер Штеген и Куртоа запишаа по шест одбрани.
Такач, вториот голман исто така не може да се пофали со добра ноќ бидејќи неговиот тим беше поразен од Селтик со 5:1.
