Во новата сезона на Формула 1 еден од домаќините на трките ќе биде и Саудиска Арабија.
Трката во Саудиска Арабија ќе биде одржана во декември, а денеска е претставена конфигурацијата на стазата во Џеда која изгледа фантастично.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се работи за улична стаза со должина од 6.175 километри по круг и ќе биде втора најдолга стаза во календарот.
Стазата во Џеда има дури 27 свиоци, а просечната брзина ќе биде околу 250 km/h, што е најголема брзина за улична стаза.
Инаку, стазата ја дизајнираше познатиот архитет Херман Тилке во соработка со 1 Мотоспорт тимот под водство на спортскиот директор на Ф1, Рос Браун.