Дома Трансфер зона Претседателот на Парма откри зошто овој клуб не го купил Балотели

Претседателот на Парма откри зошто овој клуб не го купил Балотели

Марио Балотели уште некое време ќе биде слободен играч.

Италијанецот во јануари оваа година пристигна од Ница во Марсеј како слободен играч и потпиша договор на шест месеци.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој после истекот на договорот одлучи да го напупушти овој клуб, а се поврзуваше со неколку клубови, помеѓу нив беше и Парма.

Според информациите на италијанските медиуми овој клуб понудил два милиони евра по сезона плус бонуси, но до договор не дошло.

Сега од клубот се огласија и дефинитивно потврдија дека 28 годишниот играч нема да потпише за „млекарите“.

„Се обидовме да го доведеме Балотели, но сфативме дека трошоците не се прифатливи за клуб како Парма. Тоа е разочарувачки затоа што навистина ни се допаѓа како играч, но преговорите не е можно да бидат продолжени“, изјави претседателот на Парма, Пиетро Пазароти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…