Францускиот репрезентативец, Набил Фекир зад себе има одлична сезона во дресот на Лион, а малку недостасуваше да стане играч на Ливерпул.
Имено, трансферот на „Енфилд“ вреден околу 68 милиони евра веќе беше договорен, Фекир ги помина и лекарските прегледи, но Лион во последен момент одлучи да се откаже од сето тоа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во време кога се очекуваше потпиост на Фекир за Ливерпул на „Енфилд“ се појави загриженост поради потенцијалните повреди, во Ливерпул сакаа да направат нови преговори, но Лион го стопираше целиот процес, па трансферот на одличниот 24-годишен Французин пропадна, а сега претседателот на Лион, Жан Мишел Ола откри зошто се одлучи за таков потег.
„Набил беше блиску до Ливерпул, но не дадов зелено светло. Работата не беше завршена до крај, бидејќи се траеше премногу време… Набил е одличен играч“, изави Ола.
Набргу по споменатите настани се појавија шпекулации дека за Фекир е заинтересиран Реал, а Ола сега тоа го потврди.
„Кога трансферот во Ливерпул не се оствари многу клубови покажаа интерес за Фекир, не беа само Реал и нивниот тренер“, изјави претседателот на Лион за „Goal.com“.