Дома Фудбал Италија Претседателот на Лацио суспендиран на седум месеци

Претседателот на Лацио суспендиран на седум месеци

Римски Лацио избегна одземање на бодови, но претседателот на клубот Клаудио Лотито е суспендиран на седум месеци поради кршење на ковид протоколите.

Италијанското обвинителство започна постапка против Лацио откако беа откриени малверзации со тестовите на корона во октомври минатата година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неколку играчи на римскиот клуб беа позитивни пред дуел од Лигата на шампионите, додека тестовите за Серија А им беа негативни и тоа предизвика сомнежи за малверзации околу тестирањето.

На крајот е започната постапка и исходот е суспензија на Клаудио Лотито на седум месеци.

Покрај него клупските доктори Фабио Родиа и Иво Плучини ќе добијат суспензија од 12 месеци, додека клубот ќе плати казна од 150.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Да не верува човек: Ова е сумата што Реал Мадрид ја има на сметката!

Реал Мадрид се смета за еден од најбогатите клубови во светот, но сумата во кеш што Кралев…