Барселона оваа сезона игра одлично и е лидер во Примера, а во последно време се погласни се шпекулациите дека тренерот Ернесто Валверде ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Валверде договорот му завршува на крајот на сезоната, и се уште не ставил потпис на нов договор, а тоа е доволен мотив за медиумите да почнат со шпекулации.
Меѓутоа, претседателот на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу изјави дека Валверде ќе остане тренер и наредната сезона.
„Не се сомневаме во неговите квалитети, набрзо ќе му понудиме нов договор. Валверде е паметен тренер, посветен, вистински човек за нас. Ќе ја предводи Барселона и во новата сезона“, изјави Бартомеу за каталонскиот „Спорт“.