Дома Македонски спорт Претседателката на Македонија ги испрати олимпијците во Париз

Претседателката на Македонија ги испрати олимпијците во Париз

Македонската олимписка делегација денеска беше на прием кај претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Претседателката и го предаде македонското знаме на Милијана Рељиќ кое ќе се развиори на отворањето на Олимписките игри во Париз.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Македонија ќе се претстави преку шест олимпијци, и тоа Дарио Ивановски во атлетика, Владимир Егоров во борење, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Еди Шерифовски во џудо и Рељиќ во таеквондо.

„Со чест и задоволство го врачив македонското знаме коешто нашите олимпијци ќе го развиорат на отворањето на Летните олимписките игри во Париз 2024. Со гордост и достоинство бранете ги боите на Македонија. Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце“, порача Силјановска Давкова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…