Дома Фудбал Италија Претседателите на Јувентус и Лацио физички се пресметале!?

Претседателите на Јувентус и Лацио физички се пресметале!?

Она што утрово го пренесуваа италијанските медиуми е навистина неверојатно.

Имено, како што пренесува реномираниот „Калчомеркато“ на вчерашниот состанок на „Лига Калчо“ дошло до вербален, а потоа физиички судир помеѓу претседателот на Јувентус, Џузепе Марота и претседателот на Лацио, Лотито.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Историјата на нивниот судир е од поодамна, сетете се како претседателот на Римјаните го исмеваше Марота поради физичкиот изглед (поради проблемите со видот), поради тоа беше и казнет. Лотито е голем противник на Јувентус. „Дамата“ се обидуваше да го „украде“ Кеита минатата сезона кога на фудбалерот му истекуваше договорот.

Вчера на состанокот во врска со ТВ правата, претседателот на Лацио испратил нови навреди кон Мартоа и порачал „Овде се сите службеници“, односно алудирал дека никој е самостоен освен него.

Тука возвратил Марота и дошло до вербален судир, а потоа директорот на Јувентус и физички го нападнал Лотито, но присутните спречиле поголем инцидент.

Нема сомневање дека ова сигурно ќе донесе нови проблеми во италијанскиот фудбал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …