Дома Трансфер зона Пресврт: Чонг останува во Манчестер Јунајтед

Пресврт: Чонг останува во Манчестер Јунајтед

Младиот талент Тахит Чонг наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јуанјтед и така ќе стави крај на шпекулациите за неговата иднина.

20-годишниот крилен фудбалер долго време ги забавуваше преговорите и во последно време се засилија шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Силен интерес за неговиот потпис покажуваа Интер, Јувентус и Барселона, клубови кои беа во контакт со неговиот агент.

Актуелниот договор на Чонг истекува на крајот на сезоната, па се очекуваше да си замине од Јунајтед како слободен агент.

Сепак, „црвените ѓаволи“ успеаа да најдат заеднички јазик и постигнаа договор за продолжување на соработката според која Чонг неделно ќе заработува 30.000 фунти.

Наскоро се очекува потпис и официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…