Истиот новинар, Алфредо Педула која најави трансфер на Трајковски во Спортинг Лисабон, сега објави дека има пресврт во ситуацијата и Трајковски може да заврши во еден од најголемите клубови во Европа!
Имено, Педула и во оваа вест потврдува дека Трајковски има понуда од Спортинг Лисабон за договор на четири години, но и пишува дека Милан се вклучил во трката за македонскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Претходно објавив дека Спортинг на Трајковски му понудил договор на четири години и дека сакаат брзо да ја завршат работата затоа што Бруно Фернандеш си заминува. Меѓутоа сега во последните моменти во трката за неговиот потпис влезе и Милан. Зошто? Трајковски е фудбалер надворо д ЕУ. Милан има две слободни места, но за да регистрира уште еден „неевропеец“ потребно му е да го пополни тимот и да добие место за операциите во следните преодни рокови. Ангажманот на Трајковски би им дал можност за други операции, освен тоа тој не е ниту скап“, објави Педула.
На крај тој додава дека до крајот на денот ќе се знае дали Трајковски ќе се реши за Милан или Спортинг.
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) July 10, 2019